Ризница:Јазици
Jump to navigation
Jump to search
Outdated translations are marked like this.
Кратенки: COM:LP • COM:LANG • COM:NAME
Ризницата е повеќејазичен проект. Оваа страница содржи правила за користење на повеќејазични содржини, и за тоа кои содржини треба да бидат на кој јазик.
- Описите кај галериите, категориите и страниците за опис на податотеки можат да бидат на било кој јазик, но треба да се додадат и повеќе јазици.Се препорачува користење на јазични предлошки за да се намали бројот на непотребни информации и ликовен неред.
- Имињата на галериите треба да бидат на локалниот јазик. Погледајте ја страницата Commons:Galleries за точни напатствија.
- Називите на категориите начелно треба да бидат на англиски. Погледајте Commons:Categories за точни напатствија.
- Имињата на творците треба да бидат од обликот кој често се среќава во литературата.
- Називите на податотеките можат да бидат на било кој јазик. Називот треба да биде описен. Погледајте Commons:File naming за точни напатствија.
- Предлошките можат да имаат содржина на било кој јазик. Кога текстот на предлошката е достапна на повеќе јазици, тогаш англиската верзија е меродавна, и на неа треба да се засноваат другите верзии на предлошката.
Нечелата и напатствијата треба да се пишуваат на англиски, и потоа да се преведуваат на други јазици. Англиската верзија на правилото или напатствието е меродавна, и на неа треба да се засноваат другите верзии на предлошката.
Историја
Самиот предлог од 2009 г. кој доведе до овие јазични правила е преведен на неколку јазици, вклучувајќи ги Commons:Sproche, Commons:Politikerezh yezh, Commons:Convencions de noms (idioma), Commons:Sprooch, Commons:Convencions de nomenatge (lenga), Commons:Języki, Commons:Política de línguas и Commons:语言政策.